Search

ОБСЕ побара од Киев да го ослободи рускиот новинар од притвор

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја повика Украина да го ослободи рускиот новинар Кирил Вишински од притвор, рече претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, пренесува ТАСС.

„Многу сум загрижен за ситуацијата на шефот на бирото на „РИА Новости“ во Киев, Кирил Вишински”, истакна Дезир .

„Го споменав случајот неколку пати во моите контакти со украинските власти. Имаше одлука да се одложи судското сослушување до крајот на оваа недела за да донесе одлука за тоа што ќе се случи следната година. Го повторувам мојот повик за ослободување на Вишински,” рече тој.

Според претставникот на ОБСЕ, ниту еден новинар не треба да биде притворен за своите активности.

„Кирил Вишински работеше отворено како новинар во Киев многу години. Дури и ако неговиот став е различен од оној на владата, тој не требаше да биде уапсен за ова и навистина сакам да биде ослободен наскоро. Нема да штедим никакви напори за постигнување на овој резултат “, истакна Дезир .

Следното судско сослушување во врска со случајот на Вишински се очекува на 19 јули и тој апелира до украинските власти да ја искористат оваа можност да го ослободат.

На 15 мај 2018 година, украинската служба за безбедност (СБУ) спроведе голема операција против персоналот на „РИА Новости Украина“, обвинувајќи ги за предавство, а главниот и одговорен уредник Кирил Вишински беше уапсен.

СБУ издаде соопштение тврдејќи дека била откриена мрежа од медиумски структури што Москва ги користи за спроведување хибридна војна против Киев.

Обвиненијата против Вишински во основа имаат врска со неговите статии посветени на настаните од 2014 година во Крим. Ако биде прогласен за виновен, новинарот може да се соочи со 15 години затвор.

Треба да знаете
Последни објави