Search

ОБСЕ/ОДИХР се подготвува за набљудување на избори во Македонија на 5 јули

ОБСЕ/ОДИХР објави дека во тек е подготовката на Специјална мисија за оценка на изборите во Македонија по официјалната покана за набљудување на предвремените парламентарни избори на 5 јули.

ОБСЕ/ОДИХР, како што објави на веб страницата се подготвува за распоредување на мисијата и објави повик за надворешни консултанти за шеф на мисијата, заменик шеф на мисијата, политички аналитичар, изборен аналитичар, аналитичар за регистрирање на гласачите, законски аналитичар и аналитичар за медиуми.

Според она што е објавено, сите позиции се период од три недели, а кандидатите од 19 јуни треба да бидат подготвени да ја започнат мисијата.

Но, досега нема договор за датумот за избори, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека денеска ќе одговори на повикот од лидерот на СДСМ, Зоран Заев за утврдување на 8 јули како ден за избори.

Треба да знаете
Последни објави