Search

ОБСЕ го осуди нападот врз новинарите во Атина

Претставникот за слобода на медиумите при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Харлем Дезир преку соопштение ги осуди нападите врз новинарите и фоторепотерите од страна на екстремистички групи во Атина.

– Силно ги осудувам овие страшни напади и барам од грчките власти брзо да ги санкционираат. Новинарите мора да можат слободно да работат и без страв да ги покриваат протестите и настаните од јавен интерес, наведува Дезир во соопштението.

Тој ги повика грчките власти да направат се за да ги изведат сторителите пред лицето на правдата и да обезбедат безбедни услови за работа на новинарите.

Во соопштението на ОБСЕ се наведува и дека ќе продолжи да ја следи состојбата.

Томас Јакоби, дописник на повеќе странски медиуми, вчера беше нападнат додека го следеше протестот во Атина против Договорот од Преспа.

Нападот се случи откако припадници на екстремистичка група го препознале како еден од коавторите на документарниот филм за ултрадесничарската партија Златна зора.

Напаѓачите го удирале по лицето, го натерале да ги избрише снимките од мобилниот телефон и да ја уништи аудио опремата пред да интервенира полицијата.

Други фоторепортери и сниматели, исто така, беа мета на напад, на тој начин што демонстрантите им ја уништиле или им ја украле опремата.

Треба да знаете
Последни објави