Search

ОБСЕ бара од албанската полиција да не зазема страна на изборите

Амбасадорот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Тирана, Бернд Бошард упати апел до албанската полиција дека таа треба да не зазема страна и да им гарантира на граѓаните дека конечните резултати од изборите ја одразуваат политичката волја на целото албанско општество.

Тој се обрати пред полициските службеници кои денеска почна обука за изборниот процес за претстојните локалните избори, што се закажани на 30 јуни.

– Иако политичките дискусии имаат низок потенцијал на јавна доверба во фундаменталните демократски процеси на организирање на слободни и фер избори, јас сум сигурен дека професионалното однесување на јавните институции, вклучувајќи ја и државната полиција, може да им даде на луѓето гаранција дека нивниот глас е навистина важен и оти конечните резултати ја отсликуваат политичката волја на целото албанско општество. Убеден сум дека државната полиција ќе биде неутрална во овој важен процес и ќе се однесува со професионализам и достоинство, рече Бошард.

Од своја страна, директорот на државната полиција Арди Велиу истакна дека строго и доследно ќе се почитува законот.

– Јасен пример за ова се изборните процеси во претходните години, во кои државната полиција најдобро ги изврши своите должности, што беше потврдено и во извештаите на специјализирани меѓународни структури за следење на изборите и нашите партнери кои и помагаат на државната полиција. И за овие избори, активноста на државната полиција ќе биде квалитативно зголемена и насочена кон правилна имплементација на законот, наведе Велиу.

За таа цел, додаде тој, низ обука ќе поминат сите вработени во државната полиција кои ќе бидат вклучени во овој процес.

Треба да знаете
Последни објави