Search

Обраќање на заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски на видео-конференција за 5G и Дигитална економија

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, вчера имаше обраќање на видео-конференција за 5G и Дигитална економија. На конференцијата присуствуваа преставници од Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и претставници од релевантни институции од Република Северна Македонија.

Заменик министерот Бајдевски во своето обраќање се осврна на сегашната состојба во државата, но и идните чекори поврзани со 5G технологијата кои Република Северна Македонија ги има предвидено како дел од Националниот оперативен бродебенд план.

„Влада на Република Северна Македонија е целосно посветена на предизвиците поврзани со сајбер безбедноста и 5G. Како членка на НАТО, Северна Македонија е должна да ги почитува и следи протоколите, правилата и препораките на НАТО.“, истакна Бајдевски во своето излагање.

Треба да знаете
Последни објави