Search

О’Брајан во посета на Виетнам и Филипини на разговори за регионалната безбедност

Роберт ОБрајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, замина во работна посета на Виетнам и Филипините, соопштија синоќа од Белата куќа. 

Тие земји ја споделуваат загриженоста на САД по повод се поагресивното поведение на Кина и опширните претензии на оваа земја во морските води на Азија.  

Советот за национална безбедност на Белата куќа соопшти на Твитер дека ОБрајан ќе се сретне со лидерите на двете земји „за да се потврди цврстината на нашите билатерални односи и да се разгледаат деталите околу соработката во областа на регионалната безбедност”. 

Посетата на ОБрајан на Ханој доаѓа по визитата на државниот секретар Мајк Помпео во октомври.

Треба да знаете
Последни објави