Search

Обновата на Нотр Дам ги поттикна на протест француските бездомници

Повеќе десетици членови на Здружението на бездомниците од Франција се собраа денеска на протест пред опожарената катедрала Нотр Дам во Париз барајќи најсиромашните Французи да не бидат заборавени кога за реконстрикција на Богородичната црква беа собрани повеќе од милијарда евра во вид на донации.

Речиси 50 луѓе од Здружението на француските бездомници носеа постери со натпис „Милијарда за 24 часа“.

Според агенцијата АП, тие извикувале слогани упатени до милијардерот Бернар Арно, кој минатата недела донира 200 милиони евра за катедралата.

Некои учесници на протестот извикувале: „На Нотр Дам му треба покрив, но и нам ни треба покрив“.

Париската полиција го надгледуваше мирниот протест, но не интервенира.

Треба да знаете
Последни објави