Search

Облечи машки панталони! ѝ рекле на Ева Лонгорија пред аудиција за улога на режисер

Ева Лонгорија откри дека ја добила својата најнова улога на режисер откако се преправила во маж белец.

Ѕвездата од хит-серијата „Очајни домаќинки“ се обидувала да стане дел од актерскиот тим на Flamin ‘Hot, биографија за човекот кој го измисли Cheetos.

Актерката (45) разговарала со продуцентот на хит-серијата „Очајни домаќинки“ Брајан Танен пред да почне аудицијата, кога тој ѝ рекол да престане да „прашува“ и наместо тоа да оди низ собата како да веќе ја обезбедила улогата.

Неговите совети ѝ помогнале да го добие ангажманот.

„Јас вежбав за улогата со него и тој ми рече: Застани тука. Облечи машки панталони и престани да бараш да го снимаш овој филм. Почни да се движиш низ собата како да е тоа твој филм и како ти да го режираш, и кажи им дека вака ќе глумиш, вака ќе снимаш,“ Лонгорија открива во интервју за весникот The Sun on Sunday.

„Си помислив: „Јас не сум маж и не сум бела, па не би помислила да го сторам тоа“. Тоа беше промена во пристапот кон секоја реченица што ми излезе од устата. Затоа што ние жените сакаме да бидеме подложни, отворени за сугестии. Ние жените сакаме да не гледаат како кооперативни“.

Холивудската убавица објасни и зошто неодамна им ја покажа побелената коса на своите следачи на Инстаграм.

„Секојпат кога сум на црвен тепих, мојот изглед е илузија. Тоа не се моите трепки и тоа не е мојата боја на коса или моето деколте. Отсекогаш сум била отворена кон луѓето. Нема ништо страшно во врска со побелената коса, можете да ја поправите.“

 

Треба да знаете
Последни објави