Search

Облачно со слаб ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на претежно облачно време, наутро со услови за локална појава на магла, со позитивни утрински температури и со претежно јужен ветер. Кон крајот на работната недела ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во планинските региони.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од два до 9 степени, а максималната од 8 до 13 степени.

Треба да знаете
Последни објави