Search

Облачно со локален дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер претежно од северозападен правец, особено ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 21 степен.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно, облачно со пороен дожд и појава на грмежи.

Треба да знаете
Последни објави