Search

Облачно и врнежливо, но потопло

Времето денеска ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Наутро и претпладне ќе има магла по котлините. Попладне ветерот на запад повремено ќе биде со умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје, претежно облачно со услови за појава на магла претпладне и со повремен дожд во средината на денот. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температура до 5 степени.

Од утре до недела се очекува стабилно време со поголема облачност на западот и со значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Од недела следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.

Треба да знаете
Последни објави