Search

Облачно, дождливо и магливо

Утрово времето е облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Во Тетово има појава на густа магла со намалена видливост и под 50 метри. Во Штиско дува умерен јужен ветер.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. На планините над 1400 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта во источните делови од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

Во следните два дена (до четврток) ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините (над 1400 мнв) од снег. Денес во текот на ноќта и утре преку денот врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, а локално ќе наврнат над 30л/м2 дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат послаби и поретки и ќе има повеќе сончеви периоди. Во четврток висината на снежната граница ќе се спушти до околу 1000 мнв, но врнежите ќе бидат главно со послаб интензитет. Од петок до недела се очекува стабилно време и значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Треба да знаете
Последни објави