Search

Облачно време со пороен дожд и грмежи

На повеќе места времето денеска ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, информира УХМР. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

Во Скопје претпладне со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд, а попладне со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 29 степени.

Утре и в понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.

Треба да знаете
Последни објави