Search

Облачно време со врнежи од дожд,од утре потопло

Денеска под влијание на нов и релативно влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег, информира УХМР.

Врнежите ќе бидат нешто повеќе застапени во југозападните и источните делови на земјава. Температурата на воздухот се очекува да достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со поврмен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Потоа во наредните денови следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела и во првите денови од следната седмица на места ќе го надминат 20-тиот степен.

Треба да знаете
Последни објави