Search

Облачно време, локално со пороен дожд, засилен ветер и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, особено во западните делови, информира УХМР. На места врнежите ќе бидат обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.

Утринските температури ќе се движто од 7 до 14, а дневните максимални од 14 до 22 степени.

Во Скопје, облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 20 степени.

Под влијание на серија влажни бранови и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри на метар квадратен за целиот период. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Треба да знаете
Последни објави