Search

Облак сака да го напушти Алтетико и да се пресели во Јунајтед

Голманот на Атлетико Мадрид споделил пред раководството на клубот дека сака да замине во текот на летото, тврди „ЕСПН”. Причината за ова е дека Словенецот имал желба да премине во Манчестер Јунајтед за да го замени Давид Де Хеа. Шпанецот одбива да потпише нов договор и се посилно се поврзува со трансфер во Пари Сен Жермен.

Според изданието, Облак не се грижел дека следната година „црвените ѓаволи” нема да учествуваат во Лигата на шампионите, бидејќи имал силна желба да игра во Премиер лигата. Покрај тоа,тој од дете е симпатизер на Манчестер Јунајтед.

Во април, Облак го обнови договорот со „јоргнаџиите”, но тоа не ја промени ситуацијата, бидејќи неговата клаузула во договорот останува иста – 120 милиони евра.

На „Олд Трафорд”, се разбира, одбиле да зборуваат на темата, откако „ЕСПН” ги побарале за коментар.

Треба да знаете
Последни објави