Search

Облакодер со четири амбасади во Мадрид евакуиран поради закана со бомба

Полицијата го евакуира четвртиот највисок облакодер на Шпанија, „Торе еспасио“, во кој се сместени амбасадите на Обединетото Кралство, Канада, Австралија и на Холандија, поради закана од бомба, пренесува Еј-би-си цитирајќи ги шпанските медиуми.

Службите за вонредни состојби, вклучувајќи ги и пожарникарите, националната и општинската полиција,, наводно, пристигнале на местото на настанот.

Националната полиција побара од секој кој се уште е во или во близина на зградата да ги следи упатствата на персоналот за обезбедување.

Облакодерот висок 235 метри, кој се наоѓа во Пасео де ла Кастелана во Мадрид, има 57 ката.

Треба да знаете
Последни објави