Search

Оби Микел: Азар најмрзелив фудбалер со кој што сум играл

– Некогашниот соиграч на Еден Азар во Челзи, Џон Оби Микел, изјави дека Белгиецот е многу мрзелив и не сака да тренира, но способен е да направи неверојатни нешта на терен.

„Азар е исклучителен талент и најмрзеливиот со кој што сум настапувал. Можеби не е добар како Меси, но со топката да направи што сака. Еден не сакаше да тренира. Додека ние правевме вежби, тој стоеше на страна и чекаше да завршиме. Но, за викендите беше играч на натпреварот”, вели Нигериецот.

Според Оби Микел, фудбалер на Челзи во тоа време кој најмногу тренирал бил Френк Лампард, сегашниот тренер на „сините”. Оби Микел во моментов е член на Трабзонспор. 

Треба да знаете
Последни објави