Search

Обилниот дожд во Бенгази го затвори главниот сообраќај и градскиот аеродром

Обилниот дожд денеска донесе поплави во вториот по големина либиски град, Бенгази, поради што се затворени главните сообраќајници и градскиот аеродром, соопштија официјални претставници.

Водата го поплави патничкиот терминал, достигнувајќи висина од метар и половина, изјави заменик-директорот на аеродромот Усам Фердџани.

Под вода се и делови на паркинг, информираат локални медиуми, со забелешка дека аеродромот Бенин во Бенгази бил реновиран во 2017 година, откако три години бил затворен.

Властите во источна Либија ги прогласија следните два дена за неработни, бидејќи повеќето од вработените во јавните служби не успеале да стигнат до своите работни места.

Лошите временски услови, исто така, доведоа до затворање на сите либиски пристаништа, преку кои таа земја извезува нафта, бидејќи високите бранови го оневозможуваат пристигнувањето на танкери.

Треба да знаете
Последни објави