Search

Обид за убиство при тепачка во Книн

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишен маж, поради обид за убиство при тепачка во хрватскиот град Книн, објави новинската агенција „Хина“.

Според информациите, инцидентот се случил во неделата околу 4.30 часот пред угостителски објект во Книн, а осомничениот најпрво влегол во вербален конфликт со 32-годишник, а потоа физички го нападнал со боксирач и сериозно го повредил.

Како што дознава „Хина“ од извори од полицијата во Шибеник, на истиот инцидент му претходеле уште еден што се случи во саботата околу 17 часот во Книн. Истиот осомничен 31-годишник тогаш оштетил паркиран автомобил во сопственост на 33-годишен маж кој бил пријател на лицето нападнато следниот ден.

По извршената истрага, полицијата 31-годишникот го сомничи за убиство во обид и оштетување на туѓ имот и во моментов тој се наоѓа во притвор.

Треба да знаете
Последни објави