Search

Обид за преврат врз Воениот совет во Судан, уапсени околу 70 офицери

Во Судан е извршен обид за преврат врз времениот Воен совет, објави телевизијата Ал Арабија, повикувајќи се на свои извори.

Според сведоштвата, уапсени се 68 офицери, кои учествувале во неуспешниот преврат и против нив се води истрага.

Телевизијата наведува дека повеќето членови на групата, која се обидела да го собори од власт Воениот совет, се офицери исламисти, кои се лојални на претходниот режим.

По неколку месечни протести и тешката економска состојба во Судан, армијата на 11 април го отстрани од 30-годишна должност претседателот Омар Башир, а управувањето со државата го презеде времениот Воен совет.

Треба да знаете
Последни објави