Search

Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина

Група луѓе се обиделе да украдат – исечат дел од фасадата на која се наоѓал еден од муралите насликани во Украина од уличниот уметник Бенкси. Тие се фатени на дело.

Крадците успеале да отсечат дел од гипсот на кој била насликана жена со гас-маска додека во раката држи противпожарен апарат.

Гувернерот на Киевската област изјави дека групата била забележана на местото на настанот во Хостомел, во близина на главниот град на Украина, и дека муралот бил пронајден.

„Тоа се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме се’ за да ги зачуваме овие дела од уличната уметност како симбол на нашата победа“, напиша Олексиј Кулеба на Телеграм и додаде дека муралот сега е под полициска заштита.

Бенкси, чии дела се продаваат за милиони евра, потврди дека минатиот месец насликал седум мурали во Украина на места кои биле тешко погодени од борбите.

На еден од муралите е прикажана гимнастичарка која изведува стој на раце врз урнатини. Друг покажува старец како се бања.

Треба да знаете
Последни објави