Search

Обемот во малопродажната трговија во ЕУ бележи пад од 1,6%

Обемот на трговија во рамките на еврозоната опаднал за 1.6% на месечно ниво во декември минатата година, соопшти агенцијата за статистика при Европската Унија.

„Во декември 2018 споредбено со ноември 2018, сезонскиот обем на малопродажна трговија се намалил за 1,6% во еврозоната (ЕА19) и за 1,4% во ЕУ28“, вели агенцијата „Еуростат“ во извештај.

Обемот на малопродажна трговија во еврозоната во секторот за непрехранбени производи се намалил за 2,7%, а малопродажбата на храна, пијалаци и тутун се намалила за 0,3%, додека, пак, продажбата на автомобилските горива се качила за 0,5% во истиот период.

Најзабележителен пад во малопродажба бележат Германија (4,3%), Шведска (2,5%) и Естонија (2%).

Во декември, само во Австрија, Португалија и Ирска е забележан пораст, со 0,7%, 0,6% и 0,5% последователно.

Треба да знаете
Последни објави