Search

Обезбедувањето на Вељаноски обезбедува вода за насилниците со фантомки

Обезбедувањето на Вељаноски обезбедува вода за насилниците со фантомки

На видео снимката, која беше денеска пуштена во Кривичниот суд на новото рочиште за настаните од 27 април, може да се види како обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието, им дава вода на насилниците со фантомки.

Горан Ѓошевски, кој во тоа време e дел од обезбедувањето на Трајко Вељаноски, прво разговара со обвинетиот Игор Југ. Потоа носи пакет со вода и го остава во холот пред кабинетот на собранискот спикер, каде можат да се забележат повеќе лица со фантомки.

На снимките, како што појасни обвинителката, се гледа како Гошевски со рака и покажувал на толпата во која насока да се движи за да стигне до прес салата.

Треба да знаете
Последни објави