Search

Обединети за Македонија: Отворени листи и помали плати на пратениците

Обединети за Македонија е за промена на избирачкиот модел кон отворени листи и за плата на пратениците врз основа на просечната плата во Република Северна Македонија. Според партијата, со тоа ќе се направи квалитетна селекција и задните намери на пратениците ќе бидат во заден план.

„Почнувајќи од независноста на Македонија и паѓањето на комунистичкиот режим, изборниот модел во нашата држава не дозволува кандидатите за пратеници што се подолу на листата на партии и коалиции да добијат шанса да бидат изгласани од народот. Гласачите треба да имаат поголемо влијание врз луѓето што треба да ги претставуваат, независно од која партија/коалиција се избрани“, велат од ОМ.

Отворената листа, додаваат од партијата, дозволува гласачите да избираат поединци наместо партија.

„Со отворена листа гласачите сами го одредуваат редоследот на кандидатите, а на кандидатите им дозволува да си водат и сопствена кампања за подобро да ги претстават своите визии и идеи пред народот“, велат од Обединети за Македонија.

Треба да знаете
Последни објави