Search

Обединети за Македонија за референдумот во Општината Дојран

Обединети за Македонија ги поддржува заложбите на Општината Дојран  преку референдум на 02.02.2020 да побара поддршка од граѓаните за  реализација на еден од најзначајните проекти – сеопфатно решавање на  проблемите на водоснабдувањето и на отпадните води преку  јавно-приватно партнерство.

Договорот за концесија со јавно приватното партнерство подразбира три  децении стопанисување и одржување на постојната мрежа за  водоснабдување, на канализациона мрежа и на пречистителната станица,  како и инвестирање во комплетно нова мрежа и надградбата на  пречистителната станица, што се планира да се финансира дизајнира,  проектира, реконструира, реновира, изгради, користи, управува и  одржува. Вредноста на проектот е проценета на над осум милиони евра  што е рамно на 16 годишни општински буџети.

Одлуката на Општината – на референдум да се побара мислење и  согласност за овој круцијален проект, јасно ги покажува заложбата за  вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките кои ќе имаат силно  влијание врз квалитетот на животот и нивната иднината.

Едновремено – тоа значи и одговорност за  граѓаните – дали и како ќе  се изјаснат за можноста за решавањето на проблемите на  водоснабдувањето, канализацијата и на пречистителната станица и  создавање услови за одржлив развој, раст на туризмот и заштита на  Дојранското езеро.

За Обединети за Македонија одржливиот развој, создавањето предуслови  за забрзан раст на туризмот и заштитата на околината немаат  алтернатива – биле, се и остануваат основни заложби. Пред нив би  требало да запираат и партиските препукувања и пресметки.

Обединети за Македонија смета дека развојните проекти не се и не треба  да се заложници и дека Општината ја заслужува поддршката на граѓаните.  Секако,сето би требала да биде проследена и со поголема вклученост и  ангажман на граѓаните, во следењето на сите наредни чекори од процесот  на јавно-приватното партнерство – на крајот – се работи за нивното  подобро утре.

Треба да знаете
Последни објави