Search

Обединети Арапски Емирати бараат да купат земја на Балкан

Валентина Ангеловска

Обединети  арапски емирати бараат да купат земја на Балкан. Целта е истата да се обработува и на неа да произведуваат здрава храна од нивните големи компании.

– ОАЕ сакаат д акупат илјадници хектари во Бугарија.Заинтересирани се за земјоделска земја која е плодна но долги години не е обработена. Целта им е првенствено производство на храна. Едноставно сакаат да се прехранат. Нивни делегации веќе бараат и во другите балкански земји- пишуваат бугарските медиуми.
Ваквиот потег на експертите од Емиратите доаѓа окако пред извесно време купија 57.000 хектари земја во реонот на градот Браила.

– “Сега скоро една од големите компании – “Ал Дахра Груп”, се купи големи парцели земја во романскиот град Браила. Идејата е истоо тоа да се направи во Бугарија,но иво останатите држави на Балканот- велиза 24 часа Мариам ал Мехаири – државен министер на земјоделска сигурност на ОАЕ.
За време на посетата во Софија тој се сретнал и со министерот за земјоделство на Бугарија Румен Порожанов и со министерот за економија Емил Караниколов. Во делегацијат се вклучени и луѓе од  раководството на компанијта, која купува и бара земјоделска земја.

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави