Search

Обвинителство ја отфрли кривичната пријава против неколкумина судии

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе одлука со која кривичната пријава за залоупотреба на службена положба и овластување од неколкумина судии од Основиот суд Скопје 1-Скопје, од Апелацискиот суд – Скопје и од Врховниот суд, а поднесена од Здружнението за анализа и развој Зелена лупа, се отфрла.

Во врска со вашата кривична пријава против Лидија Давитковска, Татјана Михајлова и Дијана Груевска Илиевска – судии на Основен суд Скопје 1, Љиљана Ивановска Шопова, Сафет Кадриу и Цветанка Периќ, судии на Апелационен суд – Скопје, Јово Вангеловски, Фаил Арслани, Џемаил Саити и Ристо Катавеноски, судии на Врховен суд на Република Македонија, за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 б.б од став 1 од Кривичниот законик, ве известуваме дека Основното јавно обвинителство донесе решение КО-3 бр.456/17 од 17.10 2018 со кое кривичната пријава за Давитковска, Михајлова и Груевска Илиевска,  Ивановска Шопова, Кадриу, Периќ, Вангеловски, Арслани и Саити се отфрла поради тоа што пријавеното дело не е кривичнои дело за кое се гони по службена должност, се наведува во дописнот на обвинителство до Зелена лупа.

Во однос на пријавениот Ристо Катавеноски кривичната дека пријава се отфрла бидејќи не постои основано сомневање дека пријавениотр го сторил кривичното дело.

Треба да знаете
Последни објави