Search

Обвинителите ќе се обучуваат за справување со криминалот од омраза

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и амбасадорката Ингибјорг Солрун Гисладотир, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза (ПАХТ Програма).

Ценејќи дека криминалот од омраза претставува повреда на човековите права и закана за владеењето на правото и демократската стабилност, потписниците на Меморандумот се обврзаа да дадат активно учество во реализација на програма за обуки наменети за јавните обвинители.

Страните се договорија да назначат нивни национални офицери за имплементација на ПАХТ Програмата. Имплементацијата на Меморандумот ќе оди во насока на обука за обучувачи јавни обвинители и донесување на Национален план преку кои со едукација за криминал од омраза ќе бидат опфатени сите јавни обвинители во државата.

Треба да знаете
Последни објави