Search

Обвинет скопјанец кој за долг од 10.000 евра застрела дуќанџија на Пластичарска

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело -Тешки дела против општата сигурност предвидено и казниво по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичен законик.

Осомничениот, на 23 јули, на булеварот „Никола Карев“ неовластено држел огнено оружје – пиштол и со општо опасно дејствие или средство предизвикал значителна опасност за животот и телото на еден оштетен.Со автомобил, осомничениот и неговиот брат пристигнале на местото на настанот, пред влезот на една продавница за да го бараат долгот од 10.000 евра. Кога во продавницата биле присутни должникот, неговиот брат и неговиот татко, настанала вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент, осомничениот извадил пиштол марка Beretta со калибар 9 мм и испукал истрел. Притоа го погодил оштетениот – татко на должникот во пределот на ногата и му нанел тешка телесна повреда. Осомничениот и неговиот брат избегале од местото на настанот.

Со цел непречено водење на постапката и обезбедување присуство на осомниченото лице, надлежниот јавен обвинител предложи да бидат определени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска осомничениот да се јавува повремено кај определено службено лице или кај надлежен орган, привремено одземање на патна или исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти и врски со оштетениот и со неговите синови.​

Треба да знаете
Последни објави