Search

Обвинетиот Михајловски: Не може да ме организира некој Нинџа, пред Собрание дојдов кога чув како се пее албанска химна внатре

Вилијам Михајловски е еден од обвинетите за „крвавиот четврток“.  Тој во завршниот збор на денешното судење рече дека на протестите не излегол партиски туку од патриотски причини и не е член на ниту една партија.

-Кога видов на телевизија дека во Собранието се пее химна на странска држава се вознемирив и имав чуство како да сум окупиран. Тоа беше мојот мотив за да тргнам на протест пред Собранието на кој дојдов самоиницијативно. Не може мене да ме организира некој Нинџа или некој Кољо, кои ги запознав овде во судница, рече Михајловски.
Тој во своја одбрана рече дека Закон за амнестија од страна на политичките елити за политички цели и поени, и дека знаел дека ќе биде селективен, како што се селективно одбрани за обвинети.
-Сепак не го послушав мојот инстикт, бидејќи овде во оваа судница ни велеа да бараме амнестија, а пресудите потпишани од вас судија ќе ни ги дадете. Јас во последен момент поднесов барање за амнестија, не дека се чуствувам виновен, туку поради психички проблеми што ги имам во притворот. За случувањата надвор ние притворените не знаеме многу, туку само она што ќе го слушнеме на радивцата во притвор.Така разбрав за законот за амнестија.Со законот беа опфатени лица кои самите тврдеа дека носеле оружје во Собрание, кои вршеле насилство, со фантомки со скриен идентитет, а беа опфатени и организаторите на протестите. Кога велам лица кои сами тврдеа дека носеа оружје во собрание мислам на обвинетиот, а сега амнестиран Захарие Симовски, кој во своја одбрана кажа дека носел пиштол во десниот џеб, а кажа и дека гаѓал со предмети накај пратениците. И јас ја имав истата понуда од ЈО да го кажам тоа што го кажа Захарие и со тоа ми понудија да бидам на домашен притвор ако го кажам тоа, но не го прифатив. Не можам да кажам дека сум го видел Игор Југ каде носи пиштол каде го репетира бидејќи тоа не го видов, ниту пак видов некои од граѓаните влезени внатре да носат оружје, речеМихајловски .
Кога кажал лице со фантомка кој вршел насилство мисли на Стефан Младеновски кого лично го видел како со тупаница му ја пукнал аркадата на Хари Локвенец.
-Јас ова не можам да го поткрепам со докази бидеќи тоа видео е во ЈО, од причина што двајцата браќа, сега амнестирани уште на почеток склучија договор со обвинителството, а мерката притвор им беше заменеат со поблага мерка. Стефан и Михаил Младеновски се внуци на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјов кој е прв братучед на нивниот татко. Од Стефан сите чувме дека тој ги купил фантомките и го тепал Локвенец. Многу е чудно како внуците на Штерјов уште првиот месец излегоа од притвор без никалва гаранција. Тоа не ми е јасно. Исто и тоа, каде во светот постои терорист пуштен во домашен притвор. Михаил Младеновски видовме како со фантомка и со шише во раце го мава Зоран Заев а тоа е внесено во записник. Суде, дали знаете што е разликата меѓу нас овде обвинетите и браќата Младеновски. Тоа е што јас не сум носел фантомка и не сум внук на Штерјов, како и другите овде. Обвинителката Вилма рускоска беше назначена за шефица на организиран криминал од страна на Штерјов. За амнестираните, кои не пречекаа со отворени врати, ќе кажам дека се беше така добро организирано за да стават чесен народ и патриоти да лежат во затвори за тие да лежат во удобните фотелји и земаат милионски тендери. Ова го мислам за Сашо Василевски и Крсто Мукоски кои го наместија чесниот народ да лежи во затвор. Овие двајца можеби нема да сносат одговорност, но пред божјиот суд нема да можат да бидат амнестирани, рече во својата одбрана Михајловски.
Даниела Вељановска
Треба да знаете
Последни објави