Search

Обвинение против едно лице за недозволена трговија со хероин

Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице, осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

На 20 декември, обвинетиот заедно со едно веќе осудено лице, во автомобилот што го управувал, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога – хероин со вкупна нето маса од 1.496 грама. Дрогата била спакувана во три најлонски кеси на совозачкото седиште во возилото во кое биле двајцата, информираат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, тој до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Треба да знаете
Последни објави