Search

Обвинение и продолжен притвор за нападот со „калашникови“ во Батинци

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.

-Тројцата на 22.10.2018 година во село Батинци со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндиран автомобил „БМВ 750“ со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка, велат од ОЈО.

Според МВР, на 22.10 околу 23.30 часот Ш.А. пријавил дека во село Батинци, додека неговиот брат Р.С.(36) се движел со „БМВ-ето“, од непосредна близина на гробиштата во селото неколку лица, од кои двајца Р.С. ги познавал-З.Н. и Б.Б. и со кои предходно имал нерасчистени односи, пукале кон неговото возило, а потоа избегале.
Треба да знаете
Последни објави