Search

Обвинение за скопјанец кој претепал полицајка во гаража во Тафталиџе

Основното јавно обвинителство поднесе обвининеие против скопјанец кој нападнал и повредил полицајка која вршела увид на автомобил што учествувал во сообраќајка, пред една недела во Тафталиџе.

-Обвинетиот 25-годишен жител на Скопје, на 13.02.2019 година, во подземна гаража на улица „Анкарска“, нападнал и телесно повредил униформирана полициска службеничка. Оштетената со уште тројца колеги, униформирани полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Карпош, пристапиле кон проверки на оштетено патничко моторно возило Цитроен Ц3 паркирано во гаражата. Во тој момент од совозачката врата на возилото излегол обвинетиот. Му било наредено на застане, но се обидел да избега, а оштетената за да го задржи го фатила со двете раце за нозете во делот на потколениците. Притоа, тој почнал да ја удира со нозете во пределот на главата и лицето и да ја влече по асфалтот, нанесувајќи и телесни повреди во вид на потрес, отворена рана на главата и нагмечување на главата, велат од ОЈО.

Ценејќи дека се уште се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот веќе му е определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот предлог до судот достави и предлог за продолжување на притворот.

Треба да знаете
Последни објави