Search

Обвинение за разбојник кој вооружен ограби казино во Гевгелија

ОЈО Велес до Основен суд Велес поднесе обвинение против 40-годишен жител на Гевгелија осомничен за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 и разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата утврдила дека обвинетиот од 9 јануари до 22 февруари годинава  неовластено чувал ловечка пушка марка „чешка збројевка“ со калибар 16 мм. и 8 ловечки куршуми со истиот калибар.

На  јануари околу 2.40 часот вооружен влего во казино во Гевгелија, и заканувајќи се со пушката одзел 150.000 денари. Обвинетиот кој бил маскиран влегол во казиното преку задниот спореден влез и се упатил кон просторот каде се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата дадена од обвинетиот и го напуштил просторот кај касата. Обвинетиот ги одзел парите и избегал.

„Имајќи предвид дека се работи за обвинет кој пред извесно време во Република Грција имал извршено кривично дело разбојнипштво за кое бил правосилно осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна, како и дека повеќе пати е осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето, ОЈО Гевгелија ценеше дека постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да продолжи со вршење на вакви кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот Обвинителен акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот“, се вели во соопштението на ОЈО Велес.

Треба да знаете
Последни објави