Search

Обвинение за обид за разбојништво во обложувалница

ОЈО Скопје поднесе обвинение против разбојник кој на 18 јануари годинава се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница. Обвинетиот делото го сторил заедно со уште едно лице чиј идентитет се уште не е утврден.

Критичниот ден непознатиот разбојник останал пред врата за да чува стража, а обвинетиот ставил ракавици на рацете, се маскирал со маица преку главата, извадил пиштол и влегол во објектот. Се доближил до пултот каде што работел оштетениот и му се заканил дека ќе го нападне ако не му ги даде парите. Вработениот клекнал под пултот и ја затворил вратата, со што го спречил обвинетиот да влезе во внатрешната страна и да ги одземе парите.

„Сега обвинетото лице се обидело да ги скрши дрвената врата и заштитното стакло од пултот со удари од нозете и со удари од кундакот на пиштолот, но не успеал во намерата, па со својот соизвршител веднаш се дале во бегство. Откако беше уапсен, на обвинетиот му беше определен притвор. Ценејќи дека законските основи за ваквата мерка се уште постојат, надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Судот достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице“, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави