Search

Обвинение за дилер на хероин и кокаин

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје поднесе обвинение за осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот набавил поголемо количество на хероин и кокаин, ја однел во својот дом во скопското село Синѓелиќ и ја препакувал во помали паковки со намера да ја пушти во продажба. По извршениот претрес во неговиот дом на 7 март годинава бил пронајден и одземен хероин во тежина од 69,41 грама, како и 90,9 грама кокаин. Притоа била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од наркотична дрога.

Согласно член 98 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител во Обвинителниот акт му предложи на Судот од обвинетиот да се конфискува 350 евра и 64.000 денари во различни апоени, бидејќи имотната корист произлегува од недозволена активност на обвинетиот.

„Со оглед на тоа што се работи за лице кое досега повеќепати е осудувано, а имајќи го предвид видот и карактерот на кривичното дело, висината на пропишаната казна и начинот на извршување, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор. Затоа до Основниот суд Скопје 1 Скопје заедно со обвинителниот акт е поднесен и предлог за продолжување на притворот, поради опасност обвинетото лице да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае на кривичната постапка“, се вели во соопштението на ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави