Search

Обамејанг ќе биде замена за Мартинез во Интер

Интер посакува напаѓачот на англискиот фудбалски ремиерлигаш Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг да биде замена за Лаутаро Мартинез, пренесува Goal.com.

Според изворот, 30-годишниот репрезентативец на Габон би можел да премине во тимот на Антонио Конте, доколку 22-годишниот Мартинез во летниот преоден рок се одлучи да го напушти тимот на Интер.Реал Мадрид е подготвен да плати 111 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг постигна 16 голови и даде 1 асистенција на 27 натпревари за Арсенал.

Неговиот договор со „топџиите” завршува во јуни 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави