Search

Обамејанг повторно му донесе победа на Арсенал

Арсенал оствари втора последователна победа во Премиер лигата, откако попладнево го совлада Барнли со 2: 1 на „Емирати”.

Повторно победничкиот гол за домаќините го забележа Пјер-Емерик Обамејанг (64′), кој реализираше и пред една недела против Њукасл.

Инаку, Александат Лаказет (13′) отвори за домашната екипа, а Ешли Барнс (43′) израмни до паузата.

Многу силен натпревар одигра ангажираниот од Реал Мадрид Дани Себаљос, кој асистираше и за двата гола на Арсенал.

Треба да знаете
Последни објави