Search

Обамејанг најави подобри денови за Барселона

Фудбалерот на Барселона, Пјер – Емерик Обамејанг порача дека каталонскиот клуб има мноштво талентирани играчи и голем потенцијал за следната сезона.

Барселона сезонава заврши на второто место во Ла Лига и не освои ниту еден трофеј.

– Имаме многу неверојатно талентирани фудбалери, кои само мораат да работат и да веруваат во себе. Кога си млад, колку повеќе играш, толку повеќе имаш самодоверба. Тоа е причината поради која Барселона ќе се врати, изјави Обамејанг.

Габонскиот фудбалер дојде во Барселона во јануари без обесштетување од редовите на Арсенал и истакна дека сака да остане во каталонскиот клуб „што е можно подолго”.

Треба да знаете
Последни објави