Search

Обамејанг за Лаказет: Доволно е да ме погледне

Пјер-Емерик Обамејанг одигра одлична сезона во дресот на „Топчиите“ и заедно со Лаказет брилираа пред противничките голови.

Габонецот постигна 32 погодоци на 49 натпревари и е еден од клучните играчи во екипата на Унаи Емери оваа сезона.

„Многу сум среќен, а доаѓањето во Арсенал беше вистински предизвик за мене. Сакав да се наметнам и да бидам дел од тимот, а сега сакам да влезам во историјата на клубот и да станам легенда“, изјави Обамејанг и додаде дека одлично се согласува со Александре Лаказет во нападот на „Топчиите“.

„Веќе го познавав неговиот стил на игра. Нашата прва средба беше одлична. Играме сличен фудбал, сакаме да се шегуваме и смеемее, а на теренот доволно е само да ме погледне и веќе знам што треба да направам“, изјави Обамејанг.

Треба да знаете
Последни објави