Search

ОАЕ изрази подготвеност за заедничкa организација на Мундијалот 2022 со Катар

Спортскиот директор на ОАЕ, Мохамед Калфан Ал-Ромаити верува дека земјата ќе ја поздрави идејата за заедничка организација на Светското првенство во фудбал во 2022 со Катар. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино веќе изрази поддршка за зголемување на бројот на тимовите на следниот Мундијал од 32 до 48 и спомена дека ако тоа се случи, соседните на Катар држави можат да бидат домаќини на натпревари од Светското првенство.

Сепак Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет објавија дипломатски и трговски бојкот на Катар во јуни 2017. Земјите ги обвинуваат катарците за поддршка на тероризмот, нешто што тие категорично го негираат.

– Мислам дека вистинскиот начин е да го решиме проблемот. Треба да ги поправиме односите, да бидеме како браќа – само тогаш ќе може да го решиме проблемот. Ако тоа се случи, ОАЕ е подготвен да биде домаќин на натпревари од СП, група или две, да речеме, прокоментира претседателот на Спортските власти во ОАЕ.

Ромаити е конкурент на Шеик Салман бин Ебрахим ал-Калифа за функцијата претседател на Азиската фудбалска конфедерација и изјави дека ако победи, ќе го поддржи домаќинството на Катар на Светското првенство во 2022.

Треба да знаете
Последни објави