Search

ОАЕ даде зелено светло за прва нуклеарна електрана во арапскиот свет

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дадоа зелено светло за почеток со работа на нуклеарната електрана во Барака, што ќе биде прва нуклеарка во арапскиот свет, изјави постојаниот претставник на ОАЕ во Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

„Сојузното тело за нуклеарна регулација одобри издавање на оперативна дозвола за работа на реакторот 1 на оваа постројка“, рекол Хамад Алкаби.

Тој најавил дека централата наскоро ќе почне со работа, без да прецизира датум.

Централата со четири реактори ја изгради конзорциум на чело со „Емиратес нуклеар енерџи корпорејшн“ и „Кореа електрик пауер корпорејшн“.

Се проценува дека изградбата чинела 22,5 милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави