Во битката протов коронавирусот речиси сите познати спортисти донираа големи парични средства. Но еден се чини дека ги надмина сите, и тоа играч на НФЛ. Квотербекот на Њу Орленс донираше фантастични 5 милиони долари. Тоа е Дру Брис, кој парите ги донираше на сојузната држава Лујзијана.

Брис и неговата сопруга ќе испорачаат 10.000 оброци дневно за тие што не можат да обезбедат храна во овие тешки времиња. Инаку Брис е повеќе од десет години член на Њу Орлеанс, во 2009 година го освои и Супербол.