Search

Нурмагомедов: Најмногу посакувам борба против Мејведер

УФЦ борачот, Хабиб Нурмагомедов изјави дека потенцијалниот негов меч против непобедениот боксер, Флојд Мејведер ќе биде двојно поинтересен отколку реваншот со Конор Мекгрегор.

-Нашиот меч ќе биде двојно поинтересен. Двајца непоразени борци, тоа ќе биде интересно да се види кој ќе падне или ќе направи чекор назад, изјави Нурмагомедов на прес-конференција во Москва.
Средбата со медиумите беше посветена на неговата автобиографска книга.
Мејведер во август 2017 година се врати од пензија за да се бори со Мекгрегор  и го победи, па тој рече дека е заинтересиран за борба со Русинот.
Нурмагомедов претпочита дуел со Мејведер отколку со кој било друг во УФЦ, вклучувајќи го и Тони Фергусон.
– Од финансиска и спортска гледна точка, мислам дека борба со Мејведер би била многу поинтересна. Комисијата ќе мора да заврши (со истрагата за инцидентите од мечот со Мекгрегор) и потоа ќе разговараме, додаде Хабиб.
Треба да знаете
Последни објави