Search

Нуредини: Разговарано е да се воведе давачка за производствените компании кои го создаваат отпадот

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска соопшти дека е разговарано со повеќе производствени капацитети и компании во земјата да се воведе еден вид на давачка којашто тие ќе треба да ја преземат како одговорност поради отпадот кој го создаваат во процесот на производство.

– Кога ќе ги погледнеме сегашните цени на светскиот пазар во врска со отпадите и пакувањата, во моментов цената е некаде 20 евра од тон. Ако направиме споредба со земјите од регионот, цените се од 50, 70, 90 евра по тон, но тоа е цена формирана по однос на отпадот кој е пакуван, дали е стакло, метал, пластика итн, рече министерот Нуредини во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Прашан за повлекувањето на Преспанското Езеро, тој како причини за тоа ги наведе зголемената територија за обработување на земјиштето од три илјади на 4,500 хектари, но и можно лошо менаџирање со водата од страна на некои од соседните држави.

– Очекуваме и од албанското Министерство да пристапат со информации за да видиме точно од каде се случува тој истек, рече Нуредини.

Треба да знаете
Последни објави