Search

НУК: Јавна покана до Пендаровски, Ковачевски, Бектеши и Арсовска за предновогодишна работна средба

Во духот на традиционалните пред-новогодишни празници денеска 5-ти Декември во 8:30 часот до Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на Влада Димитар Ковачевски, Министерот за економија Кресник Бектеши и Градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска во име на Независната угостителска комора, претставници на повеќе македонски здруженија за угостителство и претставници на реномирани угостителски објекти доставивме јавни покани за одржување на пред-новогодишни работни средби попознати како работни појадоци.

Потребата од овие средби е претставници на туристичко угостителските комори, претставници на здруженија за туризам и угостителство и македонски реномирани угостители јавно да продискутираат и изворно пренесат со какви се проблеми и предизвици се соочуваа македонските угостители изминатиот период за време на пандемијата и во време на енергетска криза.

На средбите очекуваме да дознаеме каква помош и поддршка Владата подготвува за угостителската индустрија до крајот на 2022 и за 2023 година, до каде е Министерството за економија со Програмата за развој на туризмот 2022 и Националната стратегија и акционен план за развој на туризмот 2023-2028 и какви се активности Градот Скопје планира да ги превземе во наредната 2023 година за популаризација на туристичко – угостителската понуда и ноќниот живот на главниот град на Македонија.

Од Претседателот Пендаровски очекуваме да сподели свои размислувања и очекувања како најдобро планира да ја промовира и презентирана македонската гастрономска култура при посетите на државни претставници од другите држави и како планира да ја помогне и поддржи промоцијата на Македонија како нова туристичко гастрономска дестинација во 2023 година.

Резултатот на средбите е преку размена на предлози и размислувања да се допринесе во изнаоѓање сигурни и реални решенија со начини за пребродување на кризата и заеднички сите да допринесеме во развојот и унапредувањето на угостителската индустрија и туризмот за нашата држава на локално, регионално и глобално ниво за наредната 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави