Search

НСДП против предвремени избори

Политичката партијата НСДП, која е дел од владејачкото мнозинство, смета дека големите политички партии треба да ја прекинат праксата на предвремени избори туку да се користи целиот мандат. Во ситуацијата, ставот на партијата е, да нема избори пред наредниот Самит на ЕУ во мај и затоа предлага ако има, тогаш изборите да се одржат во јуни.

„Во овие моменти НСДП смета дека сите парламентарни партии треба да ги надминат своите тесни калкулации и својот фокус да го стават на што побрзо донесување на законско решени за СЈО, со што формалниот аргумент кој го изнесува Франција ќе биде обеспредметен. Ново настанатата надворешно политичка позиција на Северна Македонија, во контект на интеграциите кон ЕУ, наметнува и императив за формирање на некое политичко тело во кое ќе партиципираат сите парламентарни партии, независно дали се од власта и опозицијата, кое ќе биде фокусирано во наредните неколку месеци на лобирање и подигнување на нивото на билатералните политички односи помеѓу Северна Македонија и Франција“, предлага партијата.

Датумот за отпочнување на преговори со Северна Македонија треба да се најде на агендатат на ЕУ на следниот самит во мај наредната година. Поради ова, НСДП е на ставот дека одржувањето на предвремени парламентарни избори пред овој самит на ЕУ може да ја дефокусира политичката енергија во земјава и да го нарушу институционалното спроведување на започнатите реформи во државата.

„Вистински момент е најголемите политички партии да покажат созреаност и да ја заживеат политичката пракса во која Владата ќе го завршува целиот свој мандат пред повторно да ја бара доверба од граѓаните на избори. Доколку лидерите на најголемите политички партии денес одлучат за одржување на предвремени парламентарни избори, НСДП смета дека терминот за истите би требало да биде во јуни наредната година, по завршувањето на мајскиот самит на ЕУ“, велат од НСДП.

Од партијата посочуваат и оти некоректно и политички неодговорно е кон граѓаните да се гради претстава дека РСМ беше поразена во Брисел во ситуација кога одложувањето на одлуката за датум за отпочнување на преговорите беше одложена од страна на Европскиот совет само поради противењето на Франција.

Овој став на Франција, велат од партијата, е резултат на внатрешно политички мотиви на претседателот  Макрон, а не последица на неисполнување на условите и обврските кои беа поставени  од страна на Брисел кон Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави