Search

Ноќеска повторно има запалени возила во Атина

Во неколку одвоени случаи, во различни населби во Атина, непознати лица во текот на ноќта запалиле осум паркирани возила, а подметнале пожар и на банкомат, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите, според грчката новинска агенција АНА-МПА се случиле во периодот по полноќ до 5.30 часот утрово.

Во еден од случаите, возилото изгорело комплетно и зафатило други два паркирани автомобили на кои била нанесена материјална штета. Во друг случај повторно било запалено возило, во друга атинска населба.

Пожар бил подметнат и на четири возила во сопственост на компанија за телекомуникации, а неколку часа подоцна, огнени јазици зафатиле два паркирани камиони.

Околу 3 часот по полноќ, пожар бил подметнат и на еден банкомат.

Ова е втора ноќ по ред, со идентични инциденти во грчката престолнина со опожарување возила и банкомати.

Треба да знаете
Последни објави