Search

Носителот на листата во ИЕ 3 од Левица Мрмов од Делчево најави поголема заштита на работничките права

Носителот на листата во ИЕ 3 од Левица, Борислав Мрмов денеска при посетата на своето членство и граѓаните на Делчево по претсојното, како што рече, влегување на Левица во парламент најави поголема поддршка за работничките права, особено за текстилниот сектор каде, како што рече, во Делчево под носот на инспекторите и локалните власти се случува кршење на работничките права.

– Во Делчево, како и во другите градови, најголем проблем е иселувањето, градот живурка економски освен што малку има земјоделие, тука главна индустрија е текстилната, каде најчесто се кршат работничките права. Сопствениците на фабриките буквално се изживуваат врз работниците, а сето тоа се случува под носот на локалните власти и дежурниот инспекторат. Левица како единствена работничка партија која концептот го базира исклучиво на трудот, не на капиталот, имаме повеќе ставки за работничките права, меѓу нив е и враќање на породилното отсуство од 12 на 9 месеци, рече Мрмов во својата изјава.

Додаде дека Левица ќе се залага по завршувањето на породилното отсуство бремените жени да не се враќаат на работа порано од шест месеци.

– Сега бремените жени се враќаат на работа по 45 дена, а исто така имаме ставка за работничките со новороденче до три години, да важи флексибилно работно време и да важи апсолутна забрана за откази за бремени работнички, за време додека се во активен работен однос на работа, додаде Крмов од Делчево.

Во рамки на посетата на Делчево тие го посетија градскиот пазар каде поделија брошури со дел од понудата за претстојните избори.

Треба да знаете
Последни објави